Почетна МакедонијаБугарин од Македонија тврди дека не му било дозволено лекување– од фондот демантираат

Бугарин од Македонија тврди дека не му било дозволено лекување– од фондот демантираат

од nenad
2 минути читај за




Не е вистина дека на Горан Серафимов му е ускратено правото на лекување преку товор на Фондот за здравствено осигурување во Македонија, бидејќи тој имал и бугарско и македонско државјанство како што тврди во видео прилог за бугарски медиум. Не е вистина дека на Горан Серафимов му е ускратено правото на лекување преку товор на Фондот за здравствено осигурување во Македонија, бидејќи тој имал и бугарско и македонско државјанство како што тврди во видео прилог за бугарски медиум.

   

Тој според податоците има активно осигурување преку ФЗОМ кој го стекнал по основ како невработен и нема прекин на осигурувањето. Дали тој има едно или две државјнстава воопшто не повразно со неговото право на здравствено лекување. Реакцијата на фондот за здравствено осигурување доаѓа одкако Серафимов имаше прилог на бугарска телевизија каде дава изјава дека во Македонија не му било дозволено да се лекува во Македонија бидејќи поради бугарското државјанство. Тој објаснува дека сега морал да се лекува во Бугарија.

„Јас бев под голем притисок. Имав проблеми со нозете и со дискус хернија. Ми беше откажно правот на здравствено осигурување и сите основни човечки права, бидејќи ние не сме признание таму во Уставот. Јас поднесов и жалба до Комисијата за заштита од дискриминација“,изјави Горан Серафимов.Од ФЗОМ за Канал 5 во писмено соопштение објасниле:

На лицето Г.С. не му е ускратено правото на лекување бидејќи има активно осигурување преку Фондот за здравство до 31.08.2023 година со кое се стекнал по основ на невработен и нема прекин во осигурувањето. По автоматизам осигурувањето му се продолжува и понатаму. Ова значи дека лицето Г. С ги ужива сите права на здравствени услуги како и другите осигуреници во државата кои се пропишани во Законот за здравствено осигурување.

    

Во прилогот кои се емитуваше во медиумите во Бугарија немаше став: Дали тие побрала одговор од Фондот за здравство од Македонија и прашале дали воопшто прашале зошто Горан Серафимов кој има две државјанства бил одбиен да се лекува во Македонија.Од Фондот за здравство за Канал 5 објасниле дека од бугарските медиуми ниту еднаш не се обратиле до одделот за комуникации во Фондот за здравство во Македонија да побраат став за овој случај