Девојката се обидувала да се одбрани за да не ја удри.
Босанскиот рапер Буба Корели на улица физички и психички ја малтретирал својата долгогодишна партнерка Петра Чупан.
Тој најпрво ја фатил Петра за коса и ја повлекол, додека ѝ се внесувал во лице и врескал на неа. Таа цело време се влечела и се обидуваше да се одбрани за да не ја удри.
Исплашената девојка потоа почнала да бега од него, а тој цело време ја следел.
Поврзани објави
Во еден момент ѝ паднала јакната од страв, поради што застанала да ја земе, а тој ѝ се доближил и повторно ѝ се внел во лицето, по што продолжиле да чекорат.
Да потсетиме, јавноста знае дека во неколку наврати полицијата реагирала во нивниот стан поради пријави за бучава и расправија.