Почетна МакедонијаБРАВО: Бесплатна правна помош за жителите на Шуто Оризари

БРАВО: Бесплатна правна помош за жителите на Шуто Оризари

од nenad
1 минути читај за

Со Министерот за правда, Кренар Лога денес во општинската зграда за прв пат отворивме канцеларија за бесплатна правна помош воедно и потпишавме Меморандум за соработка помеѓу Министерството и општината. Со отварање на канцеларијата на граѓаните кои се во тешка финансиска состојба ќе им се помогне да добијат правна помош од адвокат и фер судење.

На отворањето на канцеларијата за бесплатна правна помош присуствуваше и претставничката на УНХЦР Моника Сандри и претсавници на Канцеларијата на Совет на Европа.

Граѓаните може да се информираат за правото кое државата го дава во вид нa бесплатна правна помош на веб страницата pravnapomos.mk Канцеларијата веќе е во функција и граѓаните од утре можат да ги користат услугите, секој ден од 8:00 до 16:00 часот.

< code-block-4" style="margin: 8px auto; text-align: center; display: block; clear: both;">