Почетна ЕкономијаБорче Стаменов и Ирфан Ахмети, добитници на државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година

Борче Стаменов и Ирфан Ахмети, добитници на државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година

од nenad
1 минути читај за

Комисијата за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ донесе одлука наградата за исклучително значајни достигнувања од интерес за државата во доменот на хуманоста и човечката солидарност, како и за поттикнување и унапредување на меѓусебното разбирање и развивање на соработката, како помеѓу народите, така и помеѓу членовите на различните заедници, култури и религии, во 2025 година да им се додели на Борче Стаменов од „Донирај компјутери“ и на доцент д-р Ирфан Ахмети од Универзитетската клиника за ендокринологија.

Според информациите од Министерството за култура и туризам, признанието ќе им биде доделено на лауреатите на 26 август годинава во 11 часот (вторник) во македонското Собрание.

“Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 26 август годинава во 11 часот (вторник) во македонското Собрание.”

сст/са/Фото принтскрин