
Утрово имав чест да го отворам Регионалниот натпревар по прва помош на Црвениот крст на Република Македонија.
Првата помош е важен аспект од нашиот секојдневен живот и истата во исклучителни моменти може да значи спасување на човечки живот.
Податоците на Министерството за внатрешни работи ќе видиме голем број на жртви и пораст на бројот на повредени во сообраќајни несреќи. Главните причинители за сообраќаните несреќи најчесто се брзото возење, непочитувањето на правилата за свижење во сообраќајот, користење на мобилните телефони и управувањето под дејство на алкохол.
Сите овие податоци го потврдуваат фактот дека сите ние заедно треба да се грижиме функцијата на првата помош да се подигне на повисоко ниво со оглед на фактот дека е брза витална интервенција чија цел е да се спаси човечки живот, но и да се намалат компликации од настанатите повреди.
Одличната соработка која општина Гази Баба ја има со Црвениот крст на Република Македонија ќе продолжи и во иднина!
Гази Баба подава рака за соработка кон сите!