Почетна МакедонијаБобан Стефковски: Денес положивме свежо цвеќе и оддадовме почит пред споменикот на бранителот Горан Стојменовиќ

Бобан Стефковски: Денес положивме свежо цвеќе и оддадовме почит пред споменикот на бранителот Горан Стојменовиќ

од nenad
1 минути читај за

Македонскиот народ ако веќе мора да се моли, ќе моли и клечи само пред Господ, кој е единствен сведок за македонската вистина!

Денес положивме свежо цвеќе и оддадовме почит пред споменикот на бранителот Горан Стојменовиќ кој го загуби својот живот во одбрана на Македонија во настаните во Диво Насеље во 2015 година.

Секогаш кога било потребно да се брани татковината, Македонија имала синови и ќерки спремни да загинат за својата мајка Македонија!

Во 28-часовните престрелки во таа 2015 година животот го загубија Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ.

Вечна им слава на сите синови и ќерки кои загинале за слободата на Македонија!