Почетна ЕкономијаБлаго намалување на туризмот во првото полугодие, странските туристи со раст од 0,3 отсто

Благо намалување на туризмот во првото полугодие, странските туристи со раст од 0,3 отсто

од nenad
1 минути читај за

Во периодот јануари – јуни 2026 година вкупниот број на туристи е намален за 0,5 отсто во однос на истиот период лани. Кај домашните туристи намалувањето е за 3,1 процент, а кај странските има зголемување за 0,3 отсто. Намален е и вкупниот број ноќевања за 1,5 отсто – кај домашните туристи е забележан пад за 3,3, а кај странските за 0,7 проценти.

Во јуни 2026 година 113 436 туристи оствариле 221 608 ноќевања. Од вкупниот број туристи 22,8 отсто биле домашни, а 77,2 процента странски. Ноќевањата биле 29,2 отсто од домашни, а 70,8 проценти од странски туристи.

Најмногу странски туристи во јуни 2026 година дошле од Турција (24 570), Србија (8 522), Германија (4 396) и Бугарија (3 207).