На 67. доделување на Греми наградите, Бијонсе конечно го освои својот прв трофеј за албум на годината, потврдувајќи ја својата доминација во музичкиот свет.
Со 11 номинации за албумот Cowboy Carter, Бијонсе стана најноминираната артистка во историјата на Греми со вкупно 99 номинации во кариерата. Покрај наградата за албум на годината, таа победи и во категориите за најдобар кантри албум и најдобра кантри изведба во дует или група.
Водител на церемонијата повторно беше Тревор Ноа, кој ја водеше оваа престижна манифестација петта година по ред. На сцената настапија Сабрина Карпентер, Чапел Роун, The Weeknd, Шакира и Charli XCX.
Оваа година, Греми беше и во знак на солидарност со жртвите на неодамнешните пожари во Лос Анџелес. Организаторите апелираа до гледачите и корпорациите да донираат средства за помош на погодените.
Главни добитници:
Албум на годината – Cowboy Carter – Бијонсе
Сингл на годината – Not Like Us – Кендрик Ламар
Песна на годината – Not Like Us – Кендрик Ламар
Најдобар нов изведувач – Чапел Роун
Најдобар рап албум – Alligator Bites Never Heal – Дојчи
Најдобар поп албум – Short n’ Sweet – Сабрина Карпентер
Најдобар кантри албум – Cowboy Carter – БијонсеНајдобар латино поп албум – Las Mujeres Ya No Lloran – Шакира.
Фото: Инстаграм Принтскрин https://www.instagram.com/p/DFjySCzxihd/?hl=en