Почетна Убавина и здравјеБизнис-империјата на Дејвид и Викторија Бекам расте без престан – Колку вреди златниот пар?

Бизнис-империјата на Дејвид и Викторија Бекам расте без престан – Колку вреди златниот пар?

од nenad
1 минути читај за



Деловната империја на Бекамови вредна 455 милиони фунти веќе има профитабилни бизниси и портфолио на недвижнини во вредност од повеќе од 120 милиони фунти.

Богатството на Дејвид и Викторија Бекам е зголемено за речиси 29 милиони фунти откако нивната серија на Нетфликс стана вистински хит .

Брендовите на поранешната англиска фудбалска ѕвезда го зголемија својот профит повеќе од двојно во 2023 година благодарение на успехот на документарната серија по неговата славна кариера. И покрај тоа што се пензионираше од фудбалот пред 12 години, неговите приходи продолжуваат незапирливо да растат.


Поврзани објави

Додека неговата промоција на големите компании како „Адидас“, „Келвин Клајн“ и „Пепси“ е сè попозната, Бекам, исто така, воспостави врски со компании како „Темпура“ за душеци, кинескиот технолошки гигант „Алиекспрес“, како и договор од 1 милион фунти со поизводителот на фритези Шарк нинџа.

Ова е додаток на партнерствата со производителите на автомобили Jaguar и Maserati, потоа EA Sports, Emporio Armani, Gillette, Haig Club, Nespresso и Samsung.

 

Фото: Инстаграм Принтскрин https://www.instagram.com/p/DERHRx4u3F8/?hl=en&img_index=1