На аудиција за првата сезона на Ѕвездите на Гранд се појави на само 13 години…
Пејачката Милица Тодоровиќ е најмладата победничка на престижниот музички натпревар Ѕвездите на Гранд. Победи во 2005 година кога имаше само 15 години и веднаш почна да снима песни и да учествува на фестивали. За првиот албум морала да почека до 18-тиот роденден и да стане полнолетна. Милица сними албум, проследен со многу хитови, а со песната „Три Чаше“ снимена во 2013 година стана една од најпопуларните пејачки на Гранд.
Покрај тоа што е позната по своите песни, Милица важи и за шоумен на сцената, бидејќи не се двоуми да каже добра шега, да изведе имитација или да одглуми скеч. Таа често споделува интересни содржини со своите следбеници на социјалните мрежи, а сега реши да им покаже како изгледала пред натпреварот и популарноста.
Поврзани објави
Таа на Инстаграм објави фотографија од детството. На неа гледаме слатко девојче кое држи кукла и плишана играчка, но малкумина би претпоставувале дека станува збор за Милица доколку пејачката сама не го кажеше тоа.
Да потсетиме, Милица неодамна раскина со поранешниот модел Лазар Граниќ.
Фото: Инстаграм
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: