Познатиот Ранду денес изгледа потполно поинаку
„Касандра“ веројатно е најгледаната латиноамериканска теленовела на овие простори.
Нема кој не слушнал за Касандра, Игнасио, Луис Давид, Ранду и Доринда и за нивната борба за љубов и пари.
Да се потсетиме на еден од нив… Ранду, кој беше смртно вљубен во Касандра, работеше како фрлач на ножеви во циркус. Тој ги освои срцата на домашната публика и многумина и понатаму се прашуваат каде е и што прави познатиот Ранду?
Актерот Хенри Сото, кој ја толкуваше таа улога, денес има 60 години и драстично се има променето – сега има обелена коса, брада и мустаќи.
Поврзани објави
Сè уште многумина го поврзуваат со ликот Ранду, а тој редовно објавува видеа од серијата.
Моментално се занимава со театар и со хуманитарна работа во Венецуела.
ФОТО: Инстаграм @henrysotooficial