Почетна ЕкономијаБела куќа: САД не смеат да зависат од Кина за полуспроводници, смартфони и лаптопи

Бела куќа: САД не смеат да зависат од Кина за полуспроводници, смартфони и лаптопи

од nenad
0 минути читај за

Американскиот претседател, Доналд Трамп, недвосмислено порача дека Соединетите Американски Држави не можат да се ослонуваат на Кина за изработка на критични технологии, како што се полупроводници, чипови, паметни телефони и лаптопи. Оваа информација беше објавена од страна на Белата куќа, откако овие артикли беа изземени од зголемените тарифи.

Керолајн Левит, гласноговорничката на Белата куќа, преку официјално известување истакна дека Трамп обезбедил инвестиции во вредност од трилиони долари во САД од корпорации како „Епл“ и „Нвидија“.

“По налог на претседателот, овие компании брзаат да го пренесат производството назад во САД што е можно поскоро”, изјави Левит.

ссм/фото: архива