Почетна Убавина и здравјеБез филтри и Фотошоп, Кладуија Шифер во бикини (ВИДЕО) – Убавина и здравје

Без филтри и Фотошоп, Кладуија Шифер во бикини (ВИДЕО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Супермоделот Клаудија Шифер го прослави својот 54-ти роденден на одмор во Грција, а по тој повод своите следбеници ги почести со видеоснимка на која е во костим за капење.

Еден од најбараните модели на сите времиња позираше во бели бикини и гордо го покажа неверојатното тело.

Грчката пеперутка се врати оваа година за мојот роденден. Ви благодарам за сите слатки пораки“, напиша таа покрај видеото, заблагодарувајќи им се на фановите за честитките.


Поврзани објави

Иако признава дека понекогаш ѝ е тешко да им одолее на своите пороци, црвено вино и чоколадото, верувале или не, Клаудија Шифер никогаш не била на диета, но се грижи за исхраната.

Јас не сум од оние среќни девојки кои можат да јадат што сакаат без несакани последици, па затоа морам внимателно да го планирам моето мени. Јадам три оброци дневно, избегнувам грицки меѓу нив, како и кофеин и алкохол, а денот го почнувам со овошје бидејќи брзо се вари и го чисти организмот“, во една пригода изјави Клаудија.

Видео: Инстаграм (@claudiaschiffer)