Пејачката призна дека емотивната поврзаност со Поповиќ е клучна причина за нејзината одлука.
По објавата дека го напушта шоуто „Ѕвездите на Гранд“, Вики Миљковиќ ја потврди својата одлука и откри дека преминува во „Пинкови ѕвезди“. Таа објасни дека пресвртницата за неа била заминувањето на Саша Поповиќ во вечноста.
Откога го нема Поповиќ, за мене тоа повеќе не е тоа. Со него бев пријателка повеќе од три децении и премногу сум емотивно врзана за него,“ изјави Вики Миљковиќ.
Таа додаде дека ѝ било тешко да се прилагоди на промената и дека без него, не се гледа себеси во тој формат.
Поврзани објави
Пејачката истакна дека се поздравила со сите членови на жирито и дека не заминува со лутина. Напротив, вели дека ќе го памети овој период само по убави спомени и моменти исполнети со музика и успех.
Најемотивниот момент за неа бил и личен – губењето на брат ѝ. Според неа, тоа влијаело дополнително на желбата да се повлече и да направи промена.
Понекогаш едноставно треба да се оди понатаму,“ додаде таа.
printskrin Youtube-blic viki miljkovic