Почетна ЕкономијаСАД го прекинаа стратешкиот дијалог со Косово

САД го прекинаа стратешкиот дијалог со Косово

од nenad
1 минути читај за

САД го одложија на неопределено време планираниот стратешки дијалог, поради загриженост во врска со активностите на Владата на Косово кои ги интензивираа тензиите и кревкоста, што ја намалува можноста на САД ефикасно да работат на заеднички цели, објави Американската Амбасада во Приштина.

“Нашиот однос со Косово се темели на заедничка цел: зајакнување на мирот и стабилноста како основа за меѓусебен економски просперитет.”

“За жал, неодамнешните дејствија и изјави на привремениот премиер Курти претставуваат предизвици за напредокот постигнат во текот на многу години.”

Стратешкиот дијалог имаше за задача да ги зацврсти финансиските и дипломатските релации во полза на американскиот и косовскиот народ. “Се надеваме дека ќе продолжиме со вакви напори во иднина кога ќе биде соодветно. Знаеме дека ова е цел што народот на Косово ја дава како приоритет”, се вели во соопштението.

Претходно, Амбасадата во изјава за косовските медиуми истакна дека изјавите на Албин Курти на состанокот на Главниот одбор на движењето Самоопределување, каде што беше нападнат Уставниот суд, ја зголемиле несигурноста и нередот во Косово.

Стратешкиот дијалог е процес кој американскиот Стејт Департмент го води со земјите ширум светот со цел подобрување на билатералните односи, и вклучува разговори на високо ниво за различни теми како што се одбраната, безбедноста, животната средина, енергетиката и економската соработка.

мс/фото: МИА архива
Извор: МИА