Рецепт на Марина Горњивска
Недела е ден за одмор, релаксација и лесни рецепти кои ќе му се допаднат на целото семејство, а нема да ви одземат многу време. Таква е оваа пита со сирење на фитнес-експертката Марина Горњивска, која се приготвува со кори од хељда. На нејзиниот инстаграм-профил marina_fidgym можете да најдете уште вакви брзи, здрави и вкусни специјалитети, а во продолжение ви откриваме како да го приготвите овој!
Состојки:
- 3 јајца
- 200 мл јогурт
- 70 г сирење
- 50 г кори од хељда
- 1 лажица масло
- 1/2 кесичка прашок за печиво
Приготвување:
1. Во длабок сад ставете ги јајцата, јогуртот, сирењето, корите од хељда, маслото и печивото.
2. Измешајте ги сите состојки додека добиете изедначена смеса.
3. Подгответе тавче и обложете го со хартија за печење.
Поврзани објави
4. Истурете ја смесата во тавчето и рамномерно распоредете ја.
5. Печете во загреана рерна на 180°Ц, 25–30 минути.
6. Питата е готова кога убаво ќе зарумени.
Подеталните упатства за приготвување погледнете ги во видеото во продолжение…
ФОТО: ИНСТАГРАМ