Почетна ТехнологијаАРСОВСКА: ДО ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТ НА ГРАД СКОПЈЕ

АРСОВСКА: ДО ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТ НА ГРАД СКОПЈЕ

од nenad
2 минути читај за

Почитувани Советници во Советот на Град Скопје, Со оглед на обидите за креирање нова политички мотивирана криза а поврзана со јавниот превоз во Скопје, Ве известувам за следното: На 26.11.2024 година од страна на членот на Советот на Град Скопје Горан Арсов, до Претседателот на Советот на Град Скопје е доставена иницијатива за отпочнување на постапка за покачување на цената на услугата која ја добиваат приватните превозници ангажирани од страна на ЈСП, со која Советникот Горан Арсов му  предлага на Советот да усвои заклучок со кој би се преземале соодветни активности и разгледале сите можности за условите за покачување на цената на услугата на приватните превознци.

За истото, Претседателот на Советот на Град Скопје на 27.11.2024 година достави Барање за мислење до Градоначалник на Град Скопје, кој јавно уште во текот на вчерашната седница побара произнесување поврзано со истото. Од моја страна како Градоначалник му беше веднаш доставено мислењето со што се исполнети условите согласно Статутот и Деловникот за работа на Советот на Град Скопје за ставање на иницијативата како точка на дневен ред на Седница на Советот на Град Скоје.

Со досегашните практики кои се спротивни на Статутот и Деловникот на Советот на Град Скопје, а воспоставени од страна на Претседателот на Советот на Градот Скопје со кои не се ставаат за разгледување доставени иницијативи од страна на Советниците за кои има доставено мислење од страна на Градоначалник, Ви се ускратува Вашето право да дискутирате и носите одлуки без разлика какви ќе бидате истите.

Денес од страна на Секторот на поддршка на Совет добив известување дека мислењето кое од моја страна беше доставено до Претседателот на Советот на Град Скопје во текот на вчерашниот ден, според него е неревантно со што го прекршува Статутот и Деловникот за работа на Советот на Град Скопје и си ги пречекорува сопствените овластувања. Претседателот на Советот нема право да толкува мислење на Градоначалник ниту истото да не го прифаќа, туку  само да го достави до Советниците.

Дали овие чекори се поради непознавање на Деловникот за работа на Советот на Град Скопје кој има 64 страни, кој досега Претседателот требало да го прочита и знае,  или поради обид за креирање на нова криза во јавниот превоз во Град Скопје, тоа оставам да го процените сами. Затоа Ве информирам дека условите за свикување на редовна или вондредна Седница на Советот на Град Скопје и поставување на иницијативата како точка на дневен за дискусија по истата се исполнети во целост. Во прилог можете да да го прочитате ставот на Претседателот на Советот на Град Скопје, кој тој ги замолил службите да ми го пренесат.

Со почит,

Градоначалник на Град Скопје
Данела Арсовска