Почетна ЕкономијаОд тревите во Козле, Влае 2 и кај „Веро“ во Тафталиџе змиите се бркаат со „репелент“

Од тревите во Козле, Влае 2 и кај „Веро“ во Тафталиџе змиите се бркаат со „репелент“

од nenad
1 минути читај за




Општина Карпош продолжува да поставува средство за заштита од змии на одредени локации на нејзина територија. Денеска службите ја спроведуваат акцијата за поставување „репелент“, односно средство за превенција и заштита од змии. Службите поставуваа по должината на улица Ловќенска во населбата Козле и на теренот меѓу мештаните познат како „шпанско село“. По пријава на граѓаните од населбата Влае 2 службите поставија „репелент“, а ова превентивно средство беше поставено и кај паркот позади Веро во Тафталиџе – соопштија од Карпош.

Пред десетина дена вакво средство се поставуваше околу основните училишта и детските градинки, како и во непосредна близина на плоштадите, парковите и пофреквените места на територија на Карпош. Од Општината тврдат дека станува збор за природен производ кој е безопасен за луѓето, животните и околината, којшто придонесува за намалување на појавата на влекачи.