Почетна ПопуларноАпасиев за “Феникс”: Уште вечерва да се уапсат и притворат градоначалникот и претседателот на Совет на Липково за споменикот на УЧК!

Апасиев за “Феникс”: Уште вечерва да се уапсат и притворат градоначалникот и претседателот на Совет на Липково за споменикот на УЧК!

од nenad
1 минути читај за
t

Лидерот на Левица и пратеник во македонското Собрание, Димитар Апасиев, коментирајќи го денешниот развој на настаните со случајот “Феникс” во својство на поранешен советник во СЈО и сегашен пратеник побара апсење и притвор и за градоначалникот на Општина Липково.

-Го слушав денес обвинителот Лапе. Зборуваше за “Скопје 2014”. Меѓудругото, дел од описот на кривичните дела беше и тоа дека било заобиколено Собранието на РМ – бидејќи наместо парламентот, одлука за спомениците донел Советот на Општина Центар!

Еурека!

Како поранешен советник на СЈО, а сегашен пратеник не можам, а да не искоментирам стручно… Ајде сега, колега обвинител, по истата оваа воспоставена добра пракса, уште вечерва да ги приведете и притворите и Градоначалникот и претседателот на Советот на Општина ЛИПКОВО – кои дигнаа огромен бетонски споменик на УЧК, исто така заобиколувајќи го Собранието!

MAX HOSTING Д-р Виолета Фидановска

#СледимеДвојниСтандарди

#СтопНаДуизацијата – напиша Апасиев на Фејсбук.

.