Лидерот на Левица и пратеник во македонското Собрание, Димитар Апасиев, го коментира однесувањето на Алијанса за Албанците, поточно нивното обезбедување кворум во Собранието додека Ахмети е оправдано отсутен.
– АЛИЈАНСА на Таравари (која е основана токму како антипод на корумпираните ДУИ) им прави кворум на ДУИ, додека Али Ахмети се пријавува за “оправдано отсутен” од собраниска седница!?
Ете затоа, оти не знаете кај терате – на следните избори ќе бидете прегазени токму од ДУИ и ќе се распаднете како партија која не треба ни да постои. Вашето место ќе го пополни Беса, која од десничарска секта ќе прерасне во нова (необалистичка) организација која единствено, на краток рок, ќе му парира на ДУИ – после неговото неминовно распаѓање на две завојувани фракции (“шверцерска” и “калашниковача”).
#АлоТаравари
#КаковКрај – напиша Апасиев на Фејсбук.