Кон Арачиново се движат силни полициски единици за обезбедување на местото и увид, а на местото на злосторот реагирале и екипи на Итна помош.Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски за МИА потврди дека во престрелката е погоден возачот на градоначалникот, а пукано е и кон уште едно лице вработено во општината. Припадници на полицијата се на терен и вршат увид.
Повредениот е донесен во Ургентниот центар во Скопје.Директорот на Клиниката за Торакална хирургија во скопскиот Клинички Центар, Неџати Јакупи за телевизија Телма изјави дека во Клиниката е донесено момче на околу 30-годишна возраст со прострелни рани на градниот кош.
-Раните се за итна операција, поради што веќе влегуваме во сала, изјави Јакупи