Анастасија Ражнатовиќ ги изненади своите следбеници на социјалните мрежи и го покажа своето лице без трошка шминка.
Ќерката на Светлана Цеца Ражнатовиќ со години плени со својот изглед и често е во центарот на вниманието поради внимателно одбраниот стајлинг и беспрекорната шминка, поради што многумина не знаат како изгледа Анастасија во сосема природно издание.
Сепак, денес Ражнатовиќ реши да ги изненади своите следбеници со нова објава на Инстаграм, па се фотографираше без шминка на лицето.
Оваа фотографија изненади многу следбеници на ќерката на Цеца, но на позитивен начин, па веднаш и испратија бројни комплименти за нејзиниот изглед.
„Совршенство“, „Убава си“, „Најубава“, „Убавина“ – беа само дел од коментарите под нејзината објава.
Поврзани објави
Да потсетиме, Анастасија неодамна престојуваше во Србија со својот сопруг, фудбалерот Немања Гудеља поради обврските во репрезентацијата.
Дојдов со сопругот, тој отиде во репрезентација, нема да останам долго. Овде и таму сум задоволна како помина мојата нова песна. Многу работи се случија откако ја објавив последната песна“ – изјави тогаш Анастасија.
Фото: printskrin Youtube/K1 Televizija и Printscreen/Instagram/raznatovicanastasija
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: