Видео што осамна на социјалните мрежи открива како се облекуваат девојките во Манчестер кога излегуваат навечер
Модните трендови се разликуваат од држава до држава, па така, за вечерно излегување во Манчестер ќе ви треба минимална облека, многу шминка и што повисоки потпетици. Сето тоа што кај нас е дегутантно и кич, кај нив е прифатливо.
Прекратки и претесни фустани, облините во прв план, разголени стајлинзи, шорцеви од минимален материјал, нападна шминка, кич и отсуство на елеганција. Сето тоа може да се види во ова видео. Ова се трендовите што ги следат тамошните девојки.
Провокативната мода царува и на светската јавна сцена, која е највлијателното поле за пласирање модни трендови. Случувањата на таа сцена ги следи речиси целиот свет, а она што го носат јавните личности, честопати го обликуваат стилот на многу девојки.
Трендовите пристигнуваат и од социјалните мрежи, каде што, исто така, провокативната мода е во прв план. А очигледно е што е најпопуларно во Англија.
Поврзани објави
Меѓу модните изданија на девојките има и ретки исклучоци на попримерно облекување, а интересно е што ова видео има повеќе од милион лајкови и голем број критики.
„Можам да се заколнам дека немаат огледало дома“, „Немаат никаква самопочит, можете да се облечете примерно и пак да изгледате убаво“, „Па, каде е остатокот од облеката?“, „Една самоуверена жена не мора да се соблекува за да ги импресионира другите. Колку повеќе се соблекувате толку повеќе внимание сакате“, „Елеганцијата е ретка, а вулгарноста секој ден станува сè помодерна!Колку тажно!“, коментираат на Инстаграм.
Мерката секогаш ќе биде важна во модата, без разлика кои трендови се актуелни во одреден момент. Но треба да се биде многу внимателен со провокативноста во облекувањето, за таа да има смисла.
ФОТО: Принтскрин Инстаграм @nightlifelara