Анастасија Ражнатовиќ ја следеше традицијата и го фрли бидермаерот, а букетот за малку ќе завршеше во рацете на Цеца…
Само еден ден откако наследничката на Цеца Ражнатовиќ, пејачката Анастасија Ражнатовиќ и нејзиниот избраник српски фудбалски репрезентативец Немања Гудељ се заколнаа на својата вечна љубов, се повеќе испливуваат детали од оваа свадба која се одржа во тајност.
Денеска Анастасија објави видео кое открива како изгледало фрлањето на бидермаерот. Невестата се потрудила да ја следи традицијата.
Поврзани објави
Иако бидермаерот летна директно во рацете на Цеца, а таа се обиде да го фати, сепак на крајот повеќе среќа имаше бабата на Богдана, па букетот остана кај неа.
На граѓанската свадбена церемонија одржана во домот на Ражнатовиќ присуствуваа само членовите на семејствата Гудељ и Ражнатовиќ. Кум на Анастасија беше нејзиниот најдобар пријател Љубомир Тозев, а кум на Немања неговиот долгогодишен пријател Горан Телебак.