Пред да стане познат актер, бил уапсен поради обид за кражба
Ал Пачино стекнал репутација како омиленото лошо момче на големото платно, но ретко кој знае дека пред да се прослави, тој бил лошо момче и во приватниот живот.
Имено, во 1961 година актерот бил уапсен и поминал 3 дена во затвор, бидејќи бил обвинет за обид за кражба.
Тогаш 21-годишниот Ал Пачино бил уапсен на Роуд Ајленд додека се возел во автомобил со двајца пријатели.
Поврзани објави
Полицијата ги сопрела откако здогледала тројка со црни маски на лицето и ракавици, а при претресот на багажникот било пронајдено нешто што личело на оружје.
Иако подоцна излегло дека станувало збор за безопасен сценски реквизит, групата била обвинета за носење скриено оружје и поминала три дена во затвор.
Само неколку години по тој инцидент, целиот свет дознал за него, но не затоа што продолжил да се занимава со криминал, туку затоа што неговата кариера во Холивуд доживеала ѕвезден подем.