Почетна Вести АлтернАтивА: Го подржуваме протестот на граѓаните против злоупотребите во депонијата „Дрисла“

АлтернАтивА: Го подржуваме протестот на граѓаните против злоупотребите во депонијата „Дрисла“

од nenad
2 минути читај за

Одговарајќи на жалбите на граѓаните на с. Батинци, но и пошироко на

селата во Каршијака – Скопско, кои протестираат против тоа што се

случува во депонијата „Дрисла“, АлтернАтивА го подржува најавениот

граѓански протест за петок (15.09.2023) и повикува на масовно учество.

Од тоа што сме информирани деновиве од терен, но и од грозните слики кои

се појавија на социјалните мрежи, резултира дека на таа депонија, освен

отровните материи кои го загадуваат воздухот и водата, таму се фрлаат и

абортирани или мртви бебиња, фетуси и човечки екстремитети, кои потоа

животните и инсектите ги носат надвор од депонијата, предизвикувајќи не

само страв кај жителите на таа околина, туку и болести за жителите од

овој крај.

Токму ова е причината ние како партија да го кренеме гласот на протест и

да бараме од сите институции на централната власт, особено од

Министерството за животна средина, Министерството за внатрешни работи,

од Санитарниот инспекторат и Инспекторатот за животна средина, но и од

Градот Скопје, а посебно од Јавното обвинителство, да преземат мерки за

потврдување на овие информации и заштита на животот на граѓаните. Во

спротивно, тие се соучесници во убиството на оваа население и во

злосторството извршено врз нивните животи.

Ни ќе продолжиме да ја следиме оваа ситуација и да алармираме секаде кај

што се слуша нашиот глас, убедени дека ништо нема поголема вредност од

човечкиот живот.

АлтернативА е со учесниците на овој протест и против злоупотребата во

депонијата „Дрисла“.

АлтернАтивА – Скопје

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING