Почетна ЕкономијаАлиу: Сите чекори за лиценцирање и релиценцирање на стоматолози, од аспект на обуки и методологија, се преземени

Алиу: Сите чекори за лиценцирање и релиценцирање на стоматолози, од аспект на обуки и методологија, се преземени

од nenad
1 минути читај за

“Ги презедовме сите мерки, како во однос на едукацијата, така и во однос на методологијата за лиценцирање и повторно лиценцирање на стоматолози”, изјави денес министерот за здравство, Азир Алиу, убедувајќи ги стоматолозите да бидат безгрижни.

Одговарајќи на новинарско прашање за време на промоцијата на реновираната Клиника за урологија во Скопје, министерот изјави: “Тоа што го сторивме, сметам дека е соодветно и навремено, бидејќи доколку не го преземевме овој чекор, во септември и октомври ќе имавме околу 50 проценти стоматолози во Македонија без лиценца.”

Алиу извести дека од денес сите молби може да се достават до Министерството за здравство.

“Секторот за стоматологија, покрај редовните секојдневни обврски, сега ќе има дополнителна задача, заедно со вработените во Комората, да ги обработува сите барања од стоматолозите. Јас веќе го потпишав решението”, додаде тој. “Така да, нема да има прекин, само ќе има процедура и закон”, рече министерот.

Тој потенцираше дека ќе обезбедат стоматолозите да имаат важечки лиценци, а истовремено да се погрижат пациентите да добиваат квалитетни услуги.

Министерот Алиу во саботата соопшти дека Министерството за здравство ја презема одговорноста за лиценцирање на Стоматолошката комора.

бд/вг/Фото и видео: МИА .

Извор: МИА