Пејачката го избра најскапиот пакет во Србија – и тоа токму на својот роденден.
Александра Пријовиќ одлучи второто породување да го има во една од најелитните приватни болници во Србија. Таа веќе го закажала терминот во клиника која нуди најсовремена медицинска опрема, приватност и врвна услуга.
За овој породилен пакет, пејачката ќе плати околу 400.000 динари. Во цената е вклучен раскошен приватен апартман, индивидуална нега 24/7 и тим специјалисти за најсложени породувања. Изворите велат дека комфорот и безбедноста ѝ се најважни.
Поврзани објави
Заедно со сопругот Филип Живоиновиќ, таа внимателно ја избрала болницата во елитен дел од Белград, далеку од јавноста и стресот.
Александра веќе има син, а со нетрпение го очекува пристигнувањето на ќерката, која ќе се роди токму на денот кога таа го слави својот роденден.
printskrin Youtube-prijovic nova rs