Почетна МакедонијаАлбанија: Регистрирани 11 пожари, активни пет

Албанија: Регистрирани 11 пожари, активни пет

од nenad
1 минути читај за

Министерството за одбрана на Албанија информираше за состојбата со пожарите, објавувајќи дека до 14 часот се пријавени 11 пожари, од кои пет се активни, пет се под надзор и еден е изгаснат.

Во операциите за справување со ситуацијата ангажирани се над 100 оперативни сили, противпожарни возила припадници на вооружените сили, армиски хеликоптери и ” Се трактори”. Поголема ангажираност од воздух има кај планината Дајти, објави министерството.

Националната агенција за цивилна заштита продолжува континуирано да ја следи ситуацијата низ целата земја, во тесна координација со префектурите, општините и сите структури на системот за цивилна заштита.

Оперативните капацитети остануваат ангажирани на терен и подготвени да интервенираат каде што ситуацијата бара, со приоритет даден на заштитата на животите, домовите и имотот на граѓаните, посочуваат од министерството.

Од средината на минатиот месец во просек дневно регистрирани се по дваесеттина пожари.


Post Views: 121