Глен Пауел и Сидни Свини наводно се нова љубовна двојка во Холивуд, а приказните се поттикнати од нивните заеднички фотографии на кои изгледаат многу блиски.
Актерката Сидни Свини неодамна повторно е соло, откако раскина со Џонатан Дејвин по седумгодишната врска, а веднаш почнаа гласините дека местото на нејзиниот поранешен свршеник веќе го зазел нов маж во нејзиниот живот – актерот Глен Пауел.
Се шушка дека двајцата наводно почнале романса на снимањето на филмот и дека најсексапилната актерка на денешницата го напуштила поранешниот партнер поради Глен, а тој исто така ги искоментира овие наводи – на свој начин.
Sydney Sweeney and Glen Powell reignite romance rumors after actress calls off wedding https://t.co/Di4PaRF3wo
— Daily Mail US (@DailyMail) March 29, 2025
Поврзани објави
Водителот во емисијата го праша дали е изненаден од бурните реакции на јавноста заради неговите фотографии со Сидни, направени на свадбата на неговата сестра, а тој со заводлива насмевка искоментира:
Знаете, сè е до тајмингот. Лесли и Сид се многу добри пријателки и сите што ја сакаат беа на свадбата… Беше фантастично“.
Глен не беше конкретен во одговорот дали меѓу него и Сидни има нешто повеќе од пријателство, па уште еднаш им остави простор на фановите на убавата актерка да ја продолжат „љубовната“ приказна…
Фото: Х