Су Толефсен е жената која станала најстарата првородка во Велика Британија
Су имала 57 години кога забременила со помош на вонтелесно оплодување во Русија. Била во брак со Ник Маер кој бил 11 години помлад од неа и кој, исто така, немал деца пред неа.
Но 14 месеци подоцна, Ник и Су се развеле, а таа останала сама со Фреја, нивната ќеркичка.
Су веднаш отишла во пензија за да може да ѝ се посвети на ќеркичката, но не претпоставувала дека веднаш ќе се разболи. Кога Фреја имала 3 месеца, Су морала да го оперира коленото, а потоа и чирот на желудникот кој пукнал.
„Имав невидени компликации по операцијата и си помислив ‘Морам да останам жива поради Фреја’. Тоа толку ме исплаши, се плашев дека Фреја нема да има мајка.
Додека одев на ин-витро и се борев да останам бремена, никогаш не помислив дека би можела да се разболам толку и дека Фреја би останала без мене.
Постојат години на кои раѓањето дете може да биде себично. Ако имате 66 години кога ќе се роди вашето бебе, кои се шансите дека ќе бидете тука додека детето би можело да застане на нозе? Мислам дека сега мора да постои возрасна граница, точка до која на жените не би требало да им се дозволи да имаат бебе.
Педесет е многу добра точка. Се надевам дека ви останале уште 20 до 30 години за да се грижите за вашето дете. Од срце велам дека тоа се вистинските години. Дури и на 50 години, ако имате здравствени проблеми, не би требало така лесно да донесете одлука да родите.
Мора да си помислите: ‘Станува збор за дете, за неговата иднина, за неговите животни шанси“, раскажала Су која за својата ќерка издвоила извесна сума на пари, заштеда за образование и нашла луѓе кои би се грижеле за неа во случај таа да почине.
„Искрено се надевам дека ќе поминам барем 25 години со моето дете. Никогаш нема да го прежалам тоа што не родив дете порано“, изјавила Су.
Поврзани објави
Пред Ник, Су била во брак со маж од кого се развела бидејќи ја изневерувал. Потоа, се преслила кај родителите за да се грижи за нив, бидејќи татко ѝ имал карцином, а мајка ѝ страдала од остеопороза. Су се грижела за своите родители сѐ до 2002 година.
Кога тие починале, сфатила дека нема ни партнер, ни родители, ни дете. Но среќата ѝ се насмевнала кога го сретнала 11 години помладиот Ник, кој, како и таа, сакал деца.
Тие прво потрошиле години обидувајќи се Су да забремени природно, а потоа отишле на вонтелесно оплодување.
Сепак, кога им се остварил сонот и добиле дете, малата Фреја на чуден начин ги оддалечила родителите еден од друг.
Су никогаш не криела дека сета своја енергија и љубов ги насочила кон Фреја, па Ник се чувствувал отфрлено. Двојката се разделила спогодбено и останале добри пријатели низ годините.
Денес Фреја има 17 години и е самостојна млада девојка, додека Су сѐ уште е покрај неа – жива и здрава.