Почетна Убавина и здравјеНајдобрите вкусни и здрави летни палачинки! – Убавина и здравје

Најдобрите вкусни и здрави летни палачинки! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Палачинки за појадок? Звучи примамливо, но изгледа како многу нездрава опција. Ако сте некој кој сака да изгледа убаво и да се храни здраво, тогаш помислата на путер, брашно и павлака, секако не ве радува во раните утрински часови.

Размислувањето за вишокот килограми може да ви го одвлече вниманието од гозбата што сте ја планирале, но не денес. Се што ви треба е паметен пристап и малку креативност да ги измешате состојките за да добиете вкусен и здрав оброк.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1/2 чаша интегрално пченично брашно
1 јаболко (варено и испасирано)
1 големо јајце
1 лажица прашок за пециво
1/2 лажичка сода бикарбона
прстофат мелено морско оревче
прстофат сол
1 чаша млеко / млеко од соја
1 лажица масло од авокадо
2 лажици органски мед
1 лажица екстракт од ванила
сечкано јаболко
мелен цимет за посипување

Поврзани објави

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во поголем сад измешајте брашно, сода бикарбона, прашок за пециво, сол и морско оревче. Изматете го јајцето посебно и додајте го во садот со сувите состојки. Измешајте и додадете млеко, мед, екстракт од ванила и пирето од јаболко. Соединете ги сите состојки и пропржете ги во малку загреано масло од авокадо.

Бидејќи смесата ќе биде малку погуста, доколку имате поголема тава, можете да испечете до три палачинки одеднаш. Кога ќе забележите дека на рабовите на палачинките се појавуваат меурчиња, тоа е знак да ги свртите на другата страна.

Уживајте во здравото летно уживање, полно со здрави состојки!