Ако сакате да го забавите стареењето и да останете здрави, внимавајте што консумирате. Еве на што треба да внимавате.
Како што старееме, од големо значење е да посветуваме соодветно внимание на храната што ја консумираме на дневна основа. Ако не можете целосно да се откажете од овие намирници, барем сведете го внесот на минимум.
1.Рафинирани јаглехидрати
Храната која содржи рафинирани јаглехидрати (слатки, пецива од бело брашно, крофни, палачинки) го зголемува нивото на шеќер во крвта. Тие се исто така поврзани со срцеви заболувања, дебелина и дијабетес.
2.Преработено месо
Секое преработено месо како колбаси, шунка, виршли, содржи непожелни состојки кои го забрзуваат стареењето. Супстанциите што се користат во преработката на месо може да бидат поттик за воспалителни процеси, како што е артритисот.
3.Овошни сокови
Поврзани објави
Индустриските сокови се полни со шеќер, вештачки засладувачи и конзерванси. Ако имате дијабетес или отпорност на инсулин или имате прекумерна тежина, избегнувајте ги овие пијалоци.
4.Енергетски пијалоци
Енергетските пијалоци содржат многу кофеин и високо ниво на натриум меѓу другите компоненти кои се штетни за здравјето. Доколку често ги консумирате, во организмот ќе се наталожат штетни состојки кои ќе го забрзаат стареењето и ќе му наштетат на здравјето.
5.Мрсна храна
Иако се поттикнува консумацијата на пилешко, на луѓето над 40 години им се советува да ја отстранат кожата пред јадење, особено кога пилешкото е пржено. Ова би го намалило холестеролот што доведува до затнување на артериите и последователно намалување на појавата на срцеви заболувања.
Фото: Freepik.com