Продолжението со Роберт Патинсон веќе неколкупати беше одложувано, а сега снимањето е привремено прекинато поради паузата на режисерот Мет Ривс.
Продукцијата на „Бетмен 2“ повторно се соочи со неочекувана пречка, откако снимањето беше привремено прекинато поради паузата на режисерот Мет Ривс. Од „DC Studios“ потврдија дека Ривс во моментов се посветува на семејни обврски, нагласувајќи дека ја има целосната поддршка од студиото.
Филмот, во кој Роберт Патинсон повторно ќе ја толкува главната улога, веќе има историја на одложувања. Премиерата првично беше планирана за октомври 2026 година, потоа беше поместена за октомври 2027 година, а подоцна студиото повторно го промени планот. Според последниот распоред, филмот треба да пристигне во кината во февруари 2028 година.
Во продолжението, покрај Патинсон, ќе играат Скарлет Јохансон, Колин Фарел, Себастијан Стен, Енди Серкис и Џефри Рајт. Првиот филм на Ривс, „Бетмен“, беше објавен во март 2022 година, а по новите одложувања шефот на „DC Studios“, Џејмс Ган, посочи дека подолгите паузи меѓу продолженијата не се невообичаени кај големите филмски франшизи.
Самиот Патинсон неодамна откри дека продолжението ќе донесе „поинаков пристап“ од првиот филм. Актерот навести дека приказната ќе биде нешто сосема различно, иако ќе ја задржи атмосферата на оригиналот. Тој не откри детали за заплетот, но призна дека е возбуден да види како ќе изгледа конечниот резултат.
Screenshot youtube – Warner Bros.