По прекрасната свадба еден млад брачен пар на првиот ден од нивниот заеднички живот одлучиле никому да не му ја отвораат вратата тој ден и направиле договор – не се отвора вратата за никого по никоја цена – ќе бидат сами првиот ден од бракот!
На тој ден прво дошле родителите на мажот – сакале да го видат синот и снаата. Затропалена вратата зад која биле сопружниците, но никој не им отворал. Затропале повторно – мажот сакаше да ја отвори вратата, се двоумеше но поради цврстиот договор кој го направи со жената – не ја отвори вратата, а родителите видоа, невидоа тажни си заминаа.
Набргу потоа повторно некој затропал на вратата – овој пат биле родителите на жената. Младенците повторно стоеа зад вратата се гледаа додека ѕвоното ечеше низ куќата. Жената го прегрна мажот и со солзи на очите му шепна – не можам ова да им го направам на моите родители, и таа ја отвори вратата.
Сопругот не кажа ништо.
Продолжува на следната страна