Откако се вратила дома од патување, влегла во бањата да се среди и открила дека нејзиниот партнер носел друга жена во нејзиниот стан
Неверствата во партнерските односи честопати не остануваат долго скриени, бидејќи вистината, порано или подоцна, испливува на површина. Иако некои партнери се обидуваат вешто да ги прикријат своите постапки, постојат бројни начини на кои може да се разоткрие неверството. Од промена во однесувањето и комуникацијата до случајно откриени пораки, необични трошоци – предавствата ретко кога остануваат комплетно незабележани.
Како и многу жени, Ванеса Мура има строга утринска и вечерна рутина за нега на кожата, а своите производи ги чува организирано и уредно и точно знае колку од што потрошила.
„Опседната сум со организација“, рекла Мура и токму тоа забележување детали ѝ помогнало на 30-годишната девојка да го улови неверното момче.
Откако се вратила дома од службено патување, додека се подготвувала за својата рутина, Ванеса забележала нешто сомнително на еден од производите.
„Кога видов дека една од тегличките има разлабавено капаче и поинаква текстура, знаев дека некој ја чепкал – а тоа не бев јас. Некој ги чепкал моите производи и знаеш дека нешто не е во ред“, рекла таа.
Поврзани објави
Иако во тој момент не живеела со поранешното момче, тој имал клуч од нејзиниот стан, но била сигурна дека не ги користел нејзините производи.
„Тој никогаш не би знаел како се користат тие работи. Тој беше тип кој мислеше дека сѐ освен сапунот е глупост и не би ставил ни крем за сончање ни хидратантен крем“, објаснила.
Знаејќи го сето тоа, единствениот логичен заклучок бил дека поранешниот Ванеса, додека таа не била тука, ја носел љубовницата во нејзиниот стан и дека токму таа ги користела нејзините производи за нега на кожата. Откако го соочила со прашања, тој на крајот признал дека ја изневерувал.
„Неверството само по себе доволно боли. Но тоа што некој ги користел моите скапи производи без дозвола? Е тоа е непростливо“, рекла Ванеса Мура.
ФОТО: Инстаграм