Позната е и како мајстор за скандали, но нејзиниот последен потег ги шокира фановите.
Лили Ален се придружи на OnlyFans за да продава слики од нејзините стапала. Имено, 39-годишната пејачка и водителка на подкаст во вторникот ја откри веста на Инстаграм со натпис „La dolce feeta“.
Таа позираше со негувани прсти и бојадисани нокти и стави цензурирана налепница со срце, така што изгледа дека е на одмор во Италија со сопругот и ѕвездата на „Stranger Things“, Дејвид Харбор.
Ален сподели линк до својата страница на OnlyFans, која се користи за сексуална дејност и експлицитни слики, и која исто така може да се пофали со значителен број на фотографии посветени на стапалата.
Поврзани објави
Има седум објави кои корисниците можат да ги гледаат за 10 долари (7,80 фунти) месечно.
Првата слика од стапалата на пејачката е во чевли, а таа во објавата напиша:
Само што ги купив на аеродром, ќе ги соблечам подоцна“, порача Лили заедно со емотикон што намигнува.
Фото: Инстаграм