Американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер вели дека е разочарана што корупцијата продолжува да биде број еден предизвик со кој се соочува Македонија.Беше и кога бев тука порано. Искрено има систематски проблем уште од независноста пред 31 година. Затоа не можеме да обвиниме само една Влада или институција. Тоа е одговорност на судството и секоја Влада и да бидеме искрени кон граѓаните, корупцијата не се случува сама од себе. Не можам само јас да бидам корумпирана. Тоа е производ на одлуки на поединци, граѓани и официјални лица, вели Агелер во вестите на Тв Канал 5. Амбасадорката е оптимистка и се надева на вистинска промена.Исто така верувам дека дел од евроинтегративниот пат ги адресира токму овие прашања и ќе ви биде од огромна помош, истакна Агелер
- Путин ќе бил уапсен при влез на територијата на Јужна Африка, се посочува во официјален владин документ
- Најавен протест за утре пред Владата за случајот на Клиниката за онкологија
- Михаел Рот: Треба да се изгласаат уставните измени
- Агенцијата за управување со одземен имот продаде дел од конфискуваниот имот на Миjалков за „Империја“, собра 244 илјади евра