Почетна МакедонијаАвтомобил прегазил 75-годишна жена во Куманово, тешко е повредена

Автомобил прегазил 75-годишна жена во Куманово, тешко е повредена

од nenad
1 минути читај за

75-годишна жена од Куманово е тешко повредена откако во неа удрил автомобил кој го возел 57-годишен сограѓанин на жртвата, соопшти полицијата.

„На 07.12.2024 околу 19.00 часот во СВР Куманово, било пријавено дека на крстосница од ул.„11-ти Октомври“ и ул.„Србо Томовиќ“ во Куманово, патничко возило „даеву ланос“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ч.К.(57) удрило во Д.Р.(75), двајцата од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Д.Р., констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово“, велат од МВР.