Почетна Економија„Аволон“ нарачува 250 авиони од „Боинг“ и „Ербас“, со можност за уште 100

„Аволон“ нарачува 250 авиони од „Боинг“ и „Ербас“, со можност за уште 100

од nenad
1 минути читај за

Ирската компанија „Аволон“, еден од водечките светски лизинг-компании за авиони, договори набавка на 250 нови летала од „Боинг“ и „Ербас“, со можност нарачката да ја зголеми за дополнителни 100 авиони.

Планот предвидува купување 140 авиони „Боинг 737 МАКС“ и 110 летала на „Ербас“, меѓу кои 75 од моделот А320нео и 35 поголеми авиони А330нео, наменети за долги летови.

Ова е најголемата поединечна нарачка на „Аволон“ кај двата производители. Со нејзиното реализирање, компанијата ќе има 749 нарачани авиони, покрај постојната флота од 561 летало.

Со седиште во Даблин, „Аволон“ купува авиони и им ги изнајмува на авиокомпаниите, овозможувајќи им да ги прошируваат флотите без да го финансираат целосниот трошок за набавка. Побарувачката за понови и поекономични авиони останува висока, додека долгите рокови за испорака ги зголемуваат потребите за лизинг.

Договорот треба да го одобри мнозинскиот акционер на „Аволон“, кинеската компанија „Бохаи лизинг“. Одлуката се очекува до крајот на октомври.