Почетна Технологија Судиите да бидат потранспарентни, одлуките ги носат во име на граѓаните, порачува Дамева

Судиите да бидат потранспарентни, одлуките ги носат во име на граѓаните, порачува Дамева

од nenad
1 минути читај за

Со новата стратегија, како што посочи Дамева, се исполнуваат четири од препораките нотирани во Извештајот на оценската мисија, како и дека е усогласена со Националните развојни политики и претставува подетално разработен дел од Развојната секторска стратегија за правосудството 2024-28 и, истата е компатибилна со заложбите за отворено судство.

   

– Со усвојување на еден ваков значен документ, значи дека ќе се усвојат високи европски стандарди за комуникација на сите нивоа на судството, почнувајќи од Судскиот совет, изјави Дамева.Оваа стратегија ги нотира сите активности што во наредниот период треба да се преземат од Судскиот совет и судовите за јавноста да има пристап до навремени и разбирливи информации во врска со процесот на донесување одлуки во судството.

Претседателката на Врховниот суд Беса Адеми, посочи дека комуникацијата со јавноста, граѓаните, медиумите и граѓанските организации има голема улога за заштита на интегритетот на судиите, но и во заштита на судството од надворешните влијанија, и од тие причини сите заложби за отчетност се засновани врз владеење на правото и во тоа, како што нагласи, е суштината на комуникациската стратегија – без јавност не може да има квалитет на постапување и одлучување.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING