Почетна Економија ВМРО-ДПМНЕ: Нема ниту мајоризација, ниту шовинизам, волјата на мнозинството е ДУИ да оди во опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Нема ниту мајоризација, ниту шовинизам, волјата на мнозинството е ДУИ да оди во опозиција

од nenad
2 минути читај за

Нема ниту мајоризација, ниту шовинизам, ниту е важно што Ахмети имал чувство на навреденост, важно е што волјата на мнозинството е ДУИ да оди во опозиција и се соочи со одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната прес-конференција на лидерот на ДУИ Али Ахмети кој рече дека почнуваат со чекори за спречување мајоризација.

-Ако одењето на ДУИ во опозиција е кршење на Рамковниот договор, тогаш и Али Ахмети го прекрши кога реши да ја изостави ВМРО-ДПМНЕ од владата и не го почитуваше резултатот на изборите 2016-та година каде победи ВМРО-ДПМНЕ.

Што само значи дека почитувањето на Охридскиот договор нема врска со фактот дали ДУИ е власт или опозиција.

Ахмети треба да престане да се однесува како палаво дете кое плаче по играчката која не е негова, затоа што ВМРО-ДПМНЕ не е СДС, ниту пак одењето на ДУИ има некаква врска со односот на ВМРО-ДПМНЕ кон Албанците.

Затоа што ДУИ не се само Албанците во Македонија, ДУИ е сегментот кој ги крадеше Албанците исто како и Македонците, наведуваат ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека „ако Ахмети мисли дека нови и антидржавни етнички барања преточени во документи и платформи ќе го спаси од одење во опозиција и ќе ги сокрие криминалите на неговата партија, треба да знае само дека тоа забрзано ќе му ја заврши кариерата“.

-Првото ветување исполнето, ДУИ оди во опозиција, се нагласува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска на прес-конференција од седиштето на партијата во Тетово соопшти дека „Европски фронт“ е втора сила во државата и почнуваат со чекори за спречување мајоризација.

фф/ац/Фото: МИА Архива .

Извор: МИА

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING