Преку информација до која имаат дојдено од , се дознава дека Google повторно сакаат да влезат на пазарот на стриминг на игри, овој пат преку нивниот YouTube сервис.
Според информациите, новиот сервис е наречен YouTube Playables и моментално се тестира внатре во компанијата и на вработените им е достапна само една игра.
Не е познато дали се планира овозможување на игри какви што требаше да бидат достапни преку сега откажаниот Stadia сервис или сепак од компанијата планираат понуда на поедноставни игри кои и така се замислени да се играат онлајн.
Додавањето на игри на сервис за стриминг на видео содржина можеби делува како непотребно, но истото веќе го направија и Netflix кои веќе купија неколку „гејминг“ студија, а создадоа и сопствено.
Google се познати по големиот број на проекти кои ги започнуваат внатре во компанијата, како и по нивното откажување подоцна. Поради тоа не е познато дали информацијата која е добиена неофицијално е само од некој проект со кој од компанијата си „играат“ или е нешто што сепак сериозно го планираат.
