Почетна ТехнологијаYouTube тестира прикажување на резимеа од видеата автоматски генерирани од страна на вештачка интелигенција

YouTube тестира прикажување на резимеа од видеата автоматски генерирани од страна на вештачка интелигенција

од nenad
1 минути читај за
Фото: Shutterstock.com

Од крајот на минатиот месец, YouTube започна со тестирање на автоматско прикажување на резимеа од видеата направени од страна на вештачка интелигенција. Овие резимеа треба дополнително на корисниците да им дадат претстава што би гледале во видеото и со тоа подобро да одлучат дали сакаат да го гледаат.

Овие резимеа не се замислени како замена за описот на видеото кој го пишуваат креаторите, туку како дополнителен начин да се добие подобра претстава за содржината.

Како и сите тестови, оваа нова функција на YouTube е пуштена кај ограничен број на видеа, само на англиски, како и кај ограничен број на корисници. Доколку се покаже како успешен овој тест, може да се очекува пуштање како официјална новина за сите корисници, но мал дел од тестовите го достигнуваат тоа ниво.

Вештачката интелигенција е меѓу најпопуларните работи изминатите месеци, па не е чудо што од Google се решаваат да ја вклучат и на овој начин. Живееме во период каде голем дел од компаниите ја вклучуваат вештачката интелигенција во скоро сите нивни производи, па ова постепено ќе стане и нормална појава.

Резимеата на видеата ќе се прикажуваат на делот кога се гледа видеото, како и при резултатите од пребарување, барем за време на тестот.