Во квалификацискиот меч за ЕП, младата Македонија вечерва доживеа пораз од Португалија, но поразот не е болен. Момците играа храбро и борбено пред домашната публика против квалитетната селекција.
Селекторот Кирил Лазаров го коментираше мечот и рече: „Португалија беше фаворит пред натпреварот. Знаеме за каква репрезентација се работи. Мислам дека одигравме квалитетен меч, достоен натпревар против една квалитетна селекција. Мене ми е стварно жал што на крајот резултатот е ваков каков што е.“
За следниот меч, Лазаров истакна: „Треба да поправиме од се по нешто. Не можевме да се носиме со нивните пивоти. Мислам дека нашите играчи беа во еден мал грч, тоа се почувствуваше, немаше некоја полентност.“
Но, најважното е да се пласираме, поради што Лазаров рече: „Не чека дуел повторнио со Португалија, на кој треба да одиграме квалитетно за да ни служи за во иднина“.