Цементарницата Титан-Усје е еден од најголемите загадувачи во Скопје, покажа пред неколку недели мерењето на Инспекторатот за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање.
Откако градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, го обелодени ова и градот поднесе кривична пријава против Цементарницата, од партијата ВМРО-ДПМНЕ, ниту од градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски немаше никаква реакција. Напротив, медиуми блиски до ВМРО-ДПМНЕ практично го бранеа загадувачот.
– Ако си против загадувањето од УСЈЕ – те тргаат од претседатл на ЗЕЛС. Ако немаш ништо против – те назначуваат за претседател на ЗЕЛС.
#ШирокаКоалиција
#СдсмДпмне – пишува Јован Крајевски на Фејсбук.