Проектот за изградба на коридор 8 и коридор 10 ќе чини 1,3 милијарди евра или 12 милиони евра по километар, а ќе се протега од Тетово до Ќафасан. Вицепремиерот Артан Груби изјави дека цената е под просекот на изградените автопатишта во регионот, каде цената на километар автопат достига 19 милиони евра. За овој инфраструктурен проект парите ќе се одвојуваат од буџетот на државата, по 250 милиони евра годишно. Проектот вклучува изградба на 110 километри автопатишта, со три ленти на лева и десна страна, од Тетово до Гостивар, и поврзување со автопатот кој го градат кинеските компании од Гостивар до Кичево. Се планира изградба на автопат и од Требениште, а од страна на Албанија веќе постои проект, со што целиот проект ќе ја поврзе Македонија со Тирана, Драч и со сувото пристаниште во Драч. Груби ги повика новинарите да разговараат со консултантите или експертите за овој проект.
The highway connecting Tetovo and Ohrid will amount to 1.3 billion euros. OR The cost of the highway linking Tetovo and Ohrid will be 1.3 billion euros.
63