Почетна Македонија(ВИДЕО) МОЈОТ АВИОН ЌЕ ПАДНЕ НЕНАДЕЈНО – Страшни зборови на Пригожин – како да си ја предвидел смртта!

(ВИДЕО) МОЈОТ АВИОН ЌЕ ПАДНЕ НЕНАДЕЈНО – Страшни зборови на Пригожин – како да си ја предвидел смртта!

од nenad
1 минути читај за

Многумина го сметаат за контроверзен делот од интервјуто во кој Пригожин зборува за авионската несреќа.

   

Да потсетиме, руските воздухопловни власти оваа недела објавија дека шефот на групата Вагнер бил во приватен авион што се урна северозападно од Москва во средата, точно два месеци откако го предводеше неуспешниот бунт против Кремљ.Тогаш се огласи и Кремљ, наведувајќи дека тврдењата на Западот дека тој бил убиен по нивна наредба се „апсолутна лага“, пренесува Ројтерс.

Пригожин во интервју рече дека Русија е на работ на катастрофа бидејќи одбранбениот систем постепено ги отстранува оние кои ја кажуваат вистината за војната.

– Денеска стигнавме до точката на вриење. Зошто зборувам толку искрено? Затоа што немам право да ги лажам тие луѓе кои ќе продолжат да живеат во оваа држава. Сега ги лажат. Подобро убијте ме – рече Пригожин.– Нема да лажам, морам искрено да кажам дека Русија е на работ на катастрофа. Ако работите не се средат, авионот ќе се распадне во воздух – додаде Пригожин.