Доколку ви недостасува природно руменило на лицето, експертите за убавина смислија нов необичен тренд што ќе владее во 2025 година: тетовирано руменило!
Станува збор за техника што вклучува елементи на класично тетовирање и козметика.
Со нанесување розикави нијанси на горните слоеви на кожата на образите, се создава ефект на акварел, кој имитира руменило. Постапката се изведува во 2 сесии за време на кои специјализиран стручњак внесува пигмент под кожата со помош на тенка игла и машина за трајна шминка.
Поврзани објави
Разликата помеѓу ова руменило и обичната тетоважа е тоа што иглата не се инјектира длабоко во кожата, туку сосема малку колку да се внесе бојата.
Љубителите на козметичките процедури едвај чекаат да го испробаат новиот тренд, особено во Јужна Кореја и источна Европа.
Што мислите вие за ова?
Текст: Убавина и здравје