Почетна ТехнологијаSamsung ја претстави GDDR7 DRAM меморијата која може да се очекува кај производите од идната година

Samsung ја претстави GDDR7 DRAM меморијата која може да се очекува кај производите од идната година

од nenad
1 минути читај за

Samsung го заврши развојот на наредната генерација од GDDR меморијата, односно GDDR7, која моментално е единствена на пазарот, а ќе треба да почекаме и на конкуренцијата.

Од компанијата најавуваат дека први кои ќе добијат пристап до новите чипови ќе бидат нивни клучни клиенти кои ќе треба да направат верификација на подобрувањата, а корисниците можат да очекуваат подобрувања кај графичките картички до крајот на годината или од идната.

Новата GDDR7 меморија не донесува некоја посебна новина кога е во прашање меморијата, која ќе остане иста како кај претходната генерација, но затоа донесува големи подобрување кај брзината која треба да биде за 33% поголема.

Дополнително се најавува доста подобро справување со топлината, па новиот чип треба да овозможи до 70% подобрување во споредба со GDDR6 чиповите.

Подобрувањата се постигнати со користење на PAM3 методот, наместо NRZ кој се користи во претходната генерација. Овој метод овозможува 50% поголем пренос на податоци во истиот циклус.

„Нашиот GDDR7 DRAM ќе помогне да се подигнат корисничките искуства во области кои бараат извонредни графички перформанси, како што се работни станици, компјутери и конзоли за игри, и се очекува да се прошири во идни апликации како што се вештачка интелигенција, компјутери со високи перформанси (HPC) и возила. Следната генерација графички DRAM ќе биде донесена на пазарот во согласност со побарувачката на индустријата и планираме да продолжиме со нашето лидерство во просторот“. – истакнаа од компанијата.